обичен (прид.) - дрвен (прид.)

Виолинската футрола во аголот е обичен дрвен сандак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имал и раце, и нозе, и сè друго што може да се најде на телото на обичниот земјанин, но место глава, на вратот на човечето била израсната половинка од месечината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седел на обичен дрвен стол.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)