обичен (прид.) - бизарен (прид.)

Мажите дејствуваат, жените настапуваат. ‌Убаво е, вистина, да се отфрлат ваквите невкусни поимања како идиотски, како обични бизарни општествени предрасуди – надминати, старовремски, ветви, карикатурални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу стилот и содржината или меѓу стилот и сушноста е пресудна за разграничување на изгледот од стварноста: стилот важи за женствен, а сушноста за мажествена, бидејќи мажественоста длабоко се занимава со вистинската содржина на нештата, додека женственоста се занимава со несериозни работи како што е изгледот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, кога ќе се изнесат смело во вид на изреки, како што направив баш сега, нема таков што при здрав разум би ги одобрил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој начин на суштествување или на чувствување кој може да се дисквалификува како несериозен – како што се изведбениот и мелодраматичниот – не е вистински мажествен, туку покажува склоност кон женственото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)