Сѐ на сѐ, обичен човек, добро нахранет и измиен и, уште, со лице широко и русо и мазно избричено.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Преживувам како обичен човек(обичноста е место од каде комотно може да се набљудува и ужива), но знам дека во мене се крие Осмиот патник.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Жилите на слепочниците му се затегнаа. Во главата почна да го чувствува пулсирањето на стравот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Колку сака да беше обичен човек. Сака ли?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега се чувствуваше подобро, како да се вратил на себеси, на место, па можеше и да зборува обично, со обичен човек за обични работи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дури мислам, тој беше единствениот помеѓу оној крут партијски свет што имаше не само разбирање, туку и сериозен однос, кон слабостите на обичниот човек.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Не е в ред така да се гледа на овој проблем.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Да се случеше барем во одаите на некое воено лице со два чина пониско“, заврши таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби тоа беше така бидејќи беше останал премногу чист и возвишен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можело да си изгледаш како обичен човек, иако си сосема геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој впечатлив опис ни кажува дека станува збор за обичен човек од секојдневниот живот, со филмска иконографија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Овој човек беше обичен човек, богобојажлив, задуман, загрижен, наоколу шеесетина години.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од сето ова и поради сето она неуките и набожни души исковаа чудна приказна - дека тој што го одвел Бошета не бил обичен човек, бил светец, сам свети Јован Крстител, сам тој направил така, ги замелушил Јанческите за да не го препознаат кој е.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Може душата му е од обичен човек, И зошто да не е, си мислам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Роден е во Токио, каде што останал до крајот на својот живот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Романите и расказите на Франц Кафка се израз на отуѓеноста, на осаменоста и на анксиозноста на современиот човек, проекција на противставените односи меѓу моќната, нехумана и тоталитарна држава (секоја институција на власт и авторитет, држава, политичка, црковна, семејна) и немоќната единка (обичниот човек).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Затаено, мапирано со некакви кодови, знаци, заштитено од очите на обичниот човек.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Наизглед ништо, ништо неодгатливо во животот на Аритон Јаковлески, чините, ништо, живот, прав, обичен човек, живот на секој смртник.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таков си беше картагинецот Раиз! Врсникот на Бургиба. Носеше кралско име, име на водач, а беше обичен човек.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Борбите, кога воопшто се водат, се водат на нејасните граници, чие географско постоење обичниот човек може само да го претпостави, или пак околу Пловечките тврдини кои бранат стратешки точки по должината на морските граници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се сети на еден човек со кој се размина на улица пред неколку недели: еден наизглед сосем обичен човек, член на Партијата, на триесет и пет до четириесет години, висок и тенок, со актовка во раката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа обичен човек, со злобно лице, кој можеше да биде некаков техничар или инженер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според наведеното во тужбата, кој и да е судија, па и друг, обичен човек, тоа ќе го заклучи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неговата снага беше рамна и висока колку за двајца обични луѓе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
За обичниот човек никој не измислува досетки, не се мачи да го омаловажи, него едноставно никој не го забележува, а на Голем Тодор многумина му беа настрвени.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Навистина е реткост во оваа земја и овој век некој уметник да постигне признание и биде препознаен од обичниот човек: Picasso, Dali, Jackson Pollock - листата е куса.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Јас бев сосема обичен човек со просечна количина на мозок.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Што е тоа, со што ли тој обичен човек толку не привлекуваше, толку не врзуваше за себе?!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Иако тие на обичниот човек не му биле познати или не му биле важни, за полицијата би требало да бидат многу важни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)