Само црцорот на птиците потсетуваше на другите обични денови. – Ова не ќе е на арно! – промрморе мајка ми и се упати кон кујната во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Долги се деновите, треба да се пополнат. Особено лете.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Средата стана симбол на остварувањето на мојот најголем сон и престана да биде обичен ден во неделата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мислите сега? - Не, мислев секогаш! Во обичните денови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имаше голема мистерија во сето тоа, имаше нешто што јас не го знаев и не требаше да го дознаам – тоа ми беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)