За било кој поединец- лаик, кој не е контаминиран со било каква правна догма, додека судот не „пресече“, односно не донесе одлука за одредени спорни факти – не постои никакво ‘право’ за таа правна работа и за тоа проблематично прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)