ноќен (прид.) - сон (имн.)

Доказ за тоа беа страшните кошмари на минато- ноќниот сон, каде ме мачеа сите грозотии на мојата подсвест.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нестаната уште од ноќните сништа јуначката чета, во раните зори, пред сонце да пекне, — рој куршуми пиштат и пукот ги стресе високите гори Се истури грмеж од стражите предни и купишта Турци попаѓаа тука, се прснаа сите, исплашени, бедни, штом ура се зачу, штом четата спука.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
И сега, иако бев буден, пред моите очи се обликуваа од ништо или од трешерењето на воздухот суштествата од ноќните соништа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Клуновите им беа метални. Со удар собореа слон.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се разбудив. На клепките ми трепереше пајажината на ноќните соништа на кои, сега полубуден, се сеќавав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сето тоа е кошмар од семче на изминат сон, ми објасни Жеро Жерав со мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
15. КАКО ТИ Е ПОСЛАНО, ТАКА СИ И ЛЕГНИ - а утредента ако видиш поинаку си станал ти ноќните соништа за виновни ги стегни, а не само на леглото да му најдеш мана...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Можеби ја видел пушката пред некоја плевна во која непознати мажи пиеле и можеби помислил дека е во дните на негушките борби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелал и стрелале кон него, се споулавел, во ноќните соништа пак стрелал и пак стрелале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од допирот на седефот и од самиот поглед на него му се тресеа забите и морници му минуваа по кожата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)