Во војнава, под Грунишкиот Вис или „Ерголем“, како го викаа Бугарите, во еден ноќен напад српскиот потполковник Драгутин Радовановиќ со својот револвер го „застрела“ бугарскиот полковник Жеров.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Преку ридовите и доловите на времето, само низ дошепнувања, беше втасала до нас веста за неговата јуначка смрт во ноќниот напад на рудникот на Осогово.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)