Без да ја запалам ноќната ламба на мојата работна маса, се облеков и на прсти, за да не ме чујат татко ми и мајка ми, излегов од дома.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа нашите погледи распознаваа билјардски стапови, саксии со свенати фикуси, врзопи стари весници, расипани детски играчки, извиткани и скоравени чевли, празни шишиња од алкохолни пијалоци, расипани ноќни ламби со згмечени абажури, фотографии врамени во рамки од кои се лупеше бојата и на кои нечистото стакло беше скршено.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
- На лицето на Вера сега беше испишан очај, што се наѕираше и во полутемнината на ноќната ламба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ја заклучува со катанец, ја пали со прекинувач за ноќна ламба.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тоа што се симнувам, а не се качувам, ми изгледа најприродно, а големиот камен на крајот на ходникот, како што и мислев, се подига, откривајќи ми го влезот во вкусно наредена собичка, со масичка, столче и кревет од лесен, светол јавор и со запалена ноќна ламба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Хелвиг го криеше одговорот во полусветлото на ноќната ламба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)