ноќен (прид.) - дожд (имн.)

Дождот со уште поголема сила продолжи и во наредните денови, кои еден со друг се потопуваа; денските дождови своето заплускување им го предаваа на ноќните дождови и така две недели како во времето на потопот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
16. Не знам дали беше во 5 до 12, но длабоки басови ги ѕвекнаа прозорците, одмивајќи ги трагите на крупен ноќен дожд.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да живеам и да стојам на ноќен дожд, да сум наведнат преку железната ограда на мостот, да сум со потопени очи во надојдените води.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)