Ова природно води кон втората точка која сакам да ја покренам, и која се однесува на резултатот од прашањето за степенот на неопределеност кој може да се јави во правилата кои се конститутивни за значењето без да биде загрозено заедничкото разбирање на изразите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Проблемот тука е сугериран од фактот дека Витгенштајн инсистира врз нормативниот карактер на јазикот, и на барањето дека правилата кои генерално управуваат со јазикот треба да бидат засновани врз согласувања во судовите и практиките (PI, I 99, 107, 240, 242; RFM, VI, 39); освен тоа, на други места вели дека употребата на изразите не е секаде ограничена од правилата (спореди, на пример, PI, I, 79-80).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)