Ќе си живее нормален живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Потоа со двете раце ја растегна книгата, готов да ја распартали, па го свитка коленото, го положи долниот дел од десната нога на креветот, се надвисна над една од страниците и почна да чита: “Веќе подолго време се подготвувам да пишувам за тоа на кој начин ми недостигаат слободата и нормалниот живот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Слобода, нормален живот, Деница… еби се, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ти правеше големи напори да живееш нормален живот без да ни нарушиш нешто во нашите животи.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Требало, значи Солун што поскоро да добие изглед на град што живее нормален живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Велигденските празници минале без никакви потреси, а градот го продолжил својот нормален живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се радуваше од можноста да се врати во нормален живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Стана десна рака на лекарот во враќањето на заздравените пациенти во нормалниот живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Од никакви познати причини, од пред два месеца, тој започнал да не ги сработува работите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Колку што ми е познато, сè додека не почнало да се случува „ова”, тој бил нормална личност и живеел нормален живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега, меѓутоа, улогите се свртеа. Уште повеќе: „да бидеш прикажан на телевизијата” е потврда на реалитетот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За Бахтин, карневалот беше кус исклучок за уште подобро да се потцрта строгоста на нормалниот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Карневалските елементи доминираат со годината, давајќи му значење на нормалниот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Зарем тоа не ти е доволно за еден нормален живот?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но, сепак, ваквата тешка здравствена состојба воопшто не го засегаше раководството на фабриката, кое му понуди доброволно да потпише дека е на „принуден одмор“, бидејќи во спротивно ќе биде избркан од работното место. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подоцна, по добивањето на спорот опишан подолу, Величковски целиот добиен износ на парични средства го дава за операција во специјализираната приватна болница „Филип Втори“ (кај д-р Жан Митрев), како и за понатамошно лекување и третман на проблемите со срцето – на пример, тој има реални месечни трошоци од 3.000 МКД за потребните лекови кои му се неопходни за нормален живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)