номинален (прид.) - вредност (имн.)

И потем одбележувам дека упатувањето на „верувањата”, на линија на претходниот аргумент, треба да се сфати како номинална вредност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина, ова се ограничувања кои поставуваат големи барања, но тешко е да се види како инаку она што истражувачите туѓинци го проучуваат, би претставувало јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Според Законот од 1993 година корисниците на попустот имаат право да купуваат акции при продажбата на објектите на општествениот стандард кои се продаваат според проценетата вредност со основен попуст од 50% од номиналната вредност на акциите, зголемен за 1% за секоја полна година работен стаж во претпријатието (чл. 27, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно ЗТПОК, корисникот на попустот има право да ги купува акциите, односно уделите со основен попуст од 30% од номиналната вредност, зголемен за 1% за секоја полна година на работен стаж во претпријатието, со тоа што износот на купените акции, односно уделот со попуст не може да го надмине износот од 25.000 германски марки (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно со ЗОК од 1989 година, интерните акции се продаваа со попуст од 30% од нивната номинална вредност, зголемен за 1% за секоја година на работење во претпријатието, со тоа што вкупниот попуст не можеше да биде поголем од 70% од номиналната вредност на тие интерни акции (чл. 1c, ЗОК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)