нов (прид.) - станбен (прид.)

Тој денес се подновува и веќе е обиколен со новоизградени реони, со нови станбени блокови и со современи улици...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веќе израсната во современ град, со широки улици и со нови станбени блокови, Пловдив, во овие јунски дни, изгледа подмладен во зеленилото на своите паркови и разновидни градини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На нивно место изградени се нови станбени висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Возам полека, гледаме на новите станбени згради, едно и двокатните куќи со разнобојни фасади во чии приземјишта се редат мали продавници, кафеани, кафулиња, ресторанчиња, чајџилници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)