нов (прид.) - голем (прид.)

52. Оваа „мегали идеја“ („голема идеја“) за една нова голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија се појави уште во мислите на Ригас и беше разработена од „Етеријата“ (1821), врз основа на која потоа израсна грчката националистичка пропаганда во Македонија што во определени видови живее сѐ до денеска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да гра­ди­ме некаква покомплексна инфор­мативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвен­тивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Бал­канот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатали­зам дека нема излез од гомнава, созда­вајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотел­ско­то yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чувари­те на националната култура”, зомбиев­ските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали вооп­што поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовини­зам, пат­рио­ти­зам од национализам (кој не разбира дека државата токму настану­ва во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин тргов­ски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблиш­мент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Намерно не сакаа да се забележат. Томо сакаше ненаметливо пред своите пријатели да ја претстави својата нова голема љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој повторно подразбира една хомогенизација (под формата на нова голема нарација или метанарација), и тоа хомогенизација што постои само во неговиот теориски модел, и никаде на друго место.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа може да ни помогне подобро да го разбереме постмодернистичкиот плуралитет, неговата законитост и несовладливост, и да ги согледаме различните опции што се можни во рамките на таа нова голема парадигма наречена „Постмодерна”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Две момчиња, внуците на Алберт, играат фудбал (светското првенство е во тек, Бекам и другите победуваат, Бразил сè уште не е на ред) на малиот тревник пред влезот на куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)