нов (прид.) - алов (прид.)

Бојана ја опнала новата алова кошула што ѝ ја купи Ристе од манастирот, море — нов прегач, нови алови чорапи, саѓиа, килим, грлниче, па дури нов појас од осум оки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)