По оваа невидена операција царот за забот се држи и чека кожинка нова во земјата Бунефација и крека, крека, крека...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Стоеше крај вратата и се привикнуваше на нешто што беше ново во неговиот живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чекајќи ги децата, испотена како од сауна излезена, одам да се истуширам во вецето што е на крајот од дворот и ја слушам како ми се фали од далеку: „Реновирано е, сѐ е ново во бањата!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А сабајлево мислев дека за еден ден се ќе биде готово... очигледно уште сум нов во оваа фирма...и по малку наивен, како секој револуционер.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Другите, нови во верата, не беа способни да преминат преку нејзината релативно симплистичка верзија и се чувствуваа несигурни без уредно спакуван комплет на правила и прекори.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Бомбите беа нови во светот и употребени можеа да изгорат се и да уништат се.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во сите наброени случаи работодавачот не смее да го откаже договорот, освен ако е поведена постапка за престанок на работодавачот (чл. 45, ЗРО/05). 19 Но, во поглед на притворот, оваа одредба всушност и не е нова во вистинска смисла, бидејќи уште во ЗРО на СРМ (1990) постоеше изречна одредба, која со носењето на ЗРО (1993), несмасно, беше пропуштена.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ги продадоа имотите крај Езерото, се здобија со нови во Цариград, убаво се пробија кон врвовите на цариградската хиерархија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Новиот во играта обично сака да го збуни противникот со тоа што ќе зададе имиња испишани со најситни букви; но искусниот играч избира зборови со големи букви што се протегаат од едниот до другиот крај на картата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најтешка ѝ беше осаменоста во текот на ноќта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)