нов (прид.) - човек (имн.)

Всушност, целта на режимот била да ги трансформира селаните во нова работничка класа на пролетери кои ќе го вложат својот труд за создавањето на најавениот индустриски рај кој ќе овозможи најпосле новиот човек да биде господар и поседувач на природата!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сликарите кои излегуваа како победници од битките со надворешниот непријател самите се присилуваа да им се спротистават на сопствените комплекси и особено на фамозниот хроничен страв својствен на “новиот човек” со социјалистичка формација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од древниот мит за раното детство, тоа го претставува новиот човек роден од енергијата на земјината срж.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс имаше посебен талент за повторно оживување на многу митови на не-илустративен начин; за Бојс, новиот човек е одговорен за неговиот сопствен духовен живот, по смртта и пред раѓањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во изразот “Ne BOISia,, го имаме значи истовремено името Бојс и заповедниот начин “не се плаши”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој период Бојс сѐ уште ѝ се обраќаше на утробата на Мајката, Девица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со почит кон романтизмот и Штајнер, од секогаш сум бил импресиониран од Бојсовите цртежи насловени Kadmium.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иронијата и црниот хумор својствени на оваа идеологија го дозволија разурнувањето на супер- структурата на поранешното социјалистичко општество, а посебно на вредносниот систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време ја измисли машината за истражување на вре­мето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој често правеше портрети на жена, Амазонка, мајка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А знаете дека сето тоа вие сте го научиле, чувствувајќи како под вашето влијание се издигнува нов човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пролетерот, комунистот, новиот човек во квечерината на револуцијата нема што да загуби, освен ропските прангии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се создаваше новиот човек во сите димензии. Човекот Месија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Атеизмот провладеа. Новиот човек се ослободи од оковите на религијата!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не случајно е поставен на ова клучно место, на пресудната барикада во борбата за преобразба и создавање на новиот човек на комунизмот, во единствениот „дијалектички процес“, својствен само на албанскиот народ, во конечното искоренување на троверството, во дефинитивната сталинско - комунистичка преобразба на масите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби се очекуваше Големата (прва светска) војна недвосмислено и неотповикливо да ги демантира сите експресионистички утопии, од општото братство меѓу луѓето до појавувањето на „новиот човек”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Доколку го создава „новиот човек” таа е инструмент на етиката.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Западниот човек со векови ќе го оправдува своето постоење на земјата во рамките на Историјата и историското време, создавајќи го своето општеството и силните личности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- И? - Ми кажа дека морал да ја испрати мајка ми во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа умрела додека ти беше мала. Рак? - Не. Мајка ми умре во НОВ ЧОВЕК Алек.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Сериозно? Ама... - Се прашуваш како е можно жената на гардиски полковник да заврши во НОВ ЧОВЕК?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во хаосот на мисли кои му ја наполнија главата, од тоа што ќе биде со неговите родители па до тоа дека наскоро ќе ја облече логорошката униформа на НОВ ЧОВЕК , на Александар едно му се разбистри – не по своја волја стана дел од отпорот против генералот Стојан. ***
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Па? И татко ми мисли така, ама никогаш не бил во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мајко мила, ова не ми требаше... Нема назад, ќе скапам во НОВ ЧОВЕК...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никаков знак дека дошол нов човек во куќата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како ќе биде тоа? Каде ќе дојде тој нов човек?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа е судбата на новиот човек: Ќе расте и ќе порасте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разбраме оти сте имале нов човек во куќата и дојдоме да му го одредиме животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога дојде саатот новиот човек свет да прогледа, Доста веќе беше изгубила свест.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Истребија жените еден котел царевка, уште еден грав; ги сварија во големите латвици, и кога дојдоа сповојничарките, секоја со по двет-три деца, ја исркаа царевката, го макнаа грашокот со топлите булиња и погачи, го поткренаа сите „новиот човек".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние мора да ги оживееме овие води, да ја извлечеме нивната енергија, светлина, за да се види појасно новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Согледавме дека Езерото крие голема енергија која мора да се искористи до последниот атом во полза на новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XXIV В утрини, со новиот ден, како нов човек, Јагулче Дримски, свеж, со свечената облека, со медалот в џеб, рано појде во својата канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Новиот човек, сталинист, појавен во регионот на крајот на Втората светска војна, се чувствува посилен од природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како што во неговата родна земја тој опстојуваше, наоѓајќи погодно тло во наследените ментални структури на власта, овде продолжи инерцијата на забрзаната градба на новиот човек со наследената Сталинова илузија да се надополни изгубеното време, низ засилена градба на нови објекти, над економските можности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се плашеше, според Игоровото претскажување, овде сталинизмот првин да не го прекине патот на јагулите, во потрага по нови извори на енергија и светлини за новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сретен Јаворов, со нагласен тон, го читаше својот значаен реферат: - Другари, ние се наоѓаме пред епохална трансформација на новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа Родна многу и не чекаше за да го качи својот нов човек во горната одаја, онаа за гости и со балкон, и на тој начин да објави дека сепак му нашла замена на својот доскора незаменлив Трајче.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И, како што ќе сетам да доведат нов човек, јас пак ќе се јавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Големите заблуди, се чини, секогаш доаѓале оттаму што во различни времиња, најголемите грешки се правеле во името токму на постоењето на новиот човек, натчовекот, неговото красење со незаслужени ореоли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистина е дека во Времето на козите, на еден посебен начин, се раскажува за уништувањето на козите во Југославија кон крајот на 40-тите и 50-тите години, за мачните егзодуси на илјадници селани кон кревките градови, за да го создадат новиот човек.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Претседателот на писателите се најде во небрано, не знаеше како да продолжи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првин за човекот, а потоа за книгата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И за првпат, сите кои го познаваа, во неговиот тон и во движењето на раката, почувствуваа наредба и ... нов човек на чело на армијата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие веднаш дојдоа, а јас насмеана ги дочекав и им велам – повелете, еве сега ни се роди бебе па да ве почестиме со кафе за новиот човек, машко е.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)