МИХАЈЛО: За новите фрески да бидат трајни, оние под нив треба прво да се исчукаат со чекан, да се симне сиот стар малтер.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
ВЕЛКОВ: Ќе бидам кус. Се работи за манастирот. Новите фрески ги сликате врз старите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Така новите фрески нема долго да трајат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)