нов (прид.) - ум (имн.)

Животот е непрестано обезвреднување и - само од време на време - силен безумен отпор: Јас. Еднина. Нов Ум. Можеби не.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но таа исто така не цели кон тоа да произведе нов ум или нов поредок на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Слично, во неговата повеќеаспектна претходна книга (1989) „Имераторовиот нов ум”, Roger Penrose ја разгледува Gödel-овата теорема и прави експлицитни претпоставки, дека секоја математичка вистина може да биде видена како вистина од човечко битие, доаѓајќи така до неизбежниот заклучок дека луѓето мора на некој начин да се неискажливо поспособни од компјутерите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)