нов (прид.) - тешкотија (имн.)

Така, притисоците што ги чувствуваа врз себе, но и општата напнатост којашто ја споделуваа со останатите, Шабтај и Јаков и другите битолски занаетчии и жители на двете еврејски маала ги поднесуваа молкум, на начин што подразбираше подготвеност за нови тешкотии.  Рена и Шабтај ја привршуваа вечерата во тишина, кога по тесните искривени дрвените скали се слушнаа брзите крцкаво најавени чекори на Јаков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И покрај новите тешкотии во зборувањето, тој си остана и натаму доследен на внатрешниот диктат на тишината...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Неказнето по серпентините?!“ Секој обид да се совлада некоја нова тешкотија е придружуван од оваа желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секое доаѓање на газдата за нив значеше нови незгоди, нови тешкотии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)