Но, сите тие книги исто така раскажуваат на свој начин, и секојпат се зацртува нова глетка, историјата на своето настанување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Стојна Стојановска Станав зависник! Прво што правам наутро, варам кафе и барам нов текст од Рада, ако нема денот не ми е како што треба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Инаку, сè би било едноставно (кога е веќе сложено) – како да ги распределам новите текстови во книга?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како што вели мојот неодминлив пријател Хорацио Цвикало: „Кога ти е во глава, приказната е прекрасна, кога ја кажуваш, веќе е малку полоша, а кога ќе седнеш и ќе почнеш (премногу) да мислиш како да ја запишеш, станува банална“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се чини дека сѐ уште не сум напишал, не сум знаел да напишам (притоа сосема искрено мислам на својот недостаток на основно, речиси граматичко знаење): секогаш кога почнувам да пишувам некој нов текст, па и ако е најскромен, присутно е отстапувањето пред непознатото или недостижното, едно поразително чувство на неспретност, неискуство, немоќ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не успевајќи да ги остварат своите идеали во соочувањето со духовните феномени и науката, тие на крајот се враќаат на почетната професија, продолжуваат до крајот на животот со нов елан со нивниот краснопис да препишуваат стари и нови текстови....
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)