нов (прид.) - стварност (имн.)

Притоа експериментира со брзините на снимање и проектирање, со бојата и филтерите, за резултатот да биде она што можеме да го наречеме “насликана слика”, којашто претставува нова стварност и факт за себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќето филмови тој прво ги снима со супер-осум камера, ги преснимува на професионално видео, и најпосле, ако најде финансиска помош, го префрлува материјалот на формат 35 мм.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секоја апликација е сама за себе ВР е епистемолошка единствен нов свет и ако зборуваме за неа, меѓа, нова стварност, некако губиме прегледност над подрачјето којашто ја делиме исто како целина. онака како што ја делиме реалноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Доминантниот кино-филм фасцинира и забавува, а Џарман бара активна публика подготвена да го интерпретира филмското остварување како отворено дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во новата стварност, која наликува на фантазмагоричен кошмар, кичот покажа најголема издржливост, најбрзо се трансформираше и одново заживеа во својот неуништив сјај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ВР е епистемолошка меѓа, нова стварност, којашто ја делиме исто онака како што ја делиме реалноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)