Тој ќе ни беше некаков доказ дека, какви-такви, ќе бидеме прифатени од новата средина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
3) Опишете предел виден со очи на птица. Не споменувајте ја птицата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
При тоа, за сиже користете или некое кратко патување или доаѓање на некое туѓо лице во нова средина (пореметување на постојаниот ред на нештата - вообичаен почеток на романот).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Други балкански интелектуалци, најдени пред бедемите на Европа, или не успевале да ги прескокнат, па се враќале на време во родните краишта, другите кои ги прескокнувале, останувале во новата средина, на крајот се претопувале како дел од париската протоплазма.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некои бргу се прилагодуваат на новата средина, а некои цимолат, квичат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Повеќе ни новата средина не ме оптоваруваше, покрај Евтим со кој бевме во еден клас, стекнав и други пријатели, ми се отвори главата и сѐ ми беше лесно, дури и математиката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Гледав како на фатените туѓи гулаби, заскитани во неговиот гулабарник, им ги поткаструва крилата, за да не летаат додека не привикнат на новата средина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јане вети ќе ни пишува... ми вети... можеби... поверојатно ќе заборави... нови краишта, нова средина, другари, другарки...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ќе треба многу да учам, да се потврдам во новата средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Па и за Влатко: ново училиште, нова средина, ќе имаме многу расходи, а набргу ќе се заесени и разлади“, туривајќи таратур коментира мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Прекрасно доживување, синко, искрено се радувам дека толку успешно си се вклопил во новата средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Можеби затоа што сакам да се потврдам во новата средина?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Го мислев Влатко како ќе се снајде во нова средина, ама гледам - нема проблеми, како што велите.“ „Супер!“ едногласно дорекоа сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеизниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смирената душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без поголеми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За еден обичен каталог, моден каталог, требаше да се жртвува спокојот на емигрантското семејство кое, со маки, се здобиваше со довербата на луѓето од новата средина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога малку се потсмирија тешките последици од војната и кога привикнувавме на сиромаштијата, семејството полека се вкоренуваше во новата средина, со довербата со која се стекнуваше од овдешните луѓе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеби на тоа влијаеше тоа што не сакаше да се одвои од дома, од татко му и од мајка му, што се плашеше од нова средина.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)