нов (прид.) - слика (имн.)

А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Немаше ни нови слики кои би го охрабриле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секогаш беше таков пред новата слика, иако таа веќе му беше во главата, некаде во главата - го одмеруваше распнатото платно, се мислеше и се премислуваше, се двоумеше пред првиот потег, зашто знаеше дека од него зависи колку сликата ќе заличи понатаму на неговата замисла, а колку ќе се оддалечи од неа, одведувајќи го во предели каде што можеби ќе се родат нови слики, други слики.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тетка ми носеше нови слики.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Телевизорот е исклучен ама сепак нови слики ни влегуваат во старата песна. Спотната песната, спотнати и ние.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)