Всушност, помага да се воспостави геј-идентитет што не се изедначува направо со ниту една постојна родова положба, туку кој се дефинира преку својата дисонантност, преку отклонот од конвенционалната родова мапа на мажественоста и женственоста.
Машката геј-култура ги користи женската субјектна положба и женствената идентификација за да му се спротивстави на нормалното кодирање на културните предмети и активности според некој строг родов поларитет, машки наспроти женски, истовремено заземајќи и женска субјектна положба за да овозможи сексуализирање – всушност, хомосексуализирање – на културните активности (спортовите, операта) кои нормално се кодираат како хетеросексуални.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Резултат на тоа е одбивање на доминантното сексуално – и родово – кодирање на културните вредности и калење на нестандарден, дисидентски однос кон културните практики, однос поусогласен со геј-желбата.
Машката геј-култура не ги позиционира баш своите субјекти во некоја меѓуположба – да речеме, на половина пат – помеѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа овозможува алтернатива, нов склоп од можности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што противтематиката на стилот не може да се сведе ниту на содржина ниту на форма, што значи дека таквата противтематика не може да се закачи ниту за мажественоста ниту за женственоста, па затоа не треба да се помеша ниту со длабочините на скриеното значење, ниту со безначајниот, чисто плотски сјај на површините, така и мелодраматичниот стил на машката геј-култура не дозволува никаква неволја, па и никаква емоција што би се разбудила од неволјата, да се доживува како чисто трагична и чисто патетична.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Додека поп артистите и нивните први предци (Rauschenberg, Rivers, Johns) го воведоа радикално новиот свет на популарни теми во ликовните уметности, Енди го имаше сето право (со комбинацијата на неговата фотографска доследност во користењето на свиленото сито и пророчката моќ на неговите теми) да го даде завршнот збор во означувањето на крајот на претпоставената доминација на американското апстрактно сликарство и да постави сосема нов склоп на можности.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)