Претходно тие никогаш немаа никакви недоразбирања, сè до моментот кога на местото на Зефиќ е поставена нејзината „конкурентка“ – која веднаш почна да се однесува арогантно, дрско и безобразно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подоцна, за време на судењето, застапниците на КПУЗ-Скопје пред судот објаснуваа дека „според новата систематизација и организација за рабо- та во затворот, како и според Правилникот за работни односи, токму тоа работно место е предвидено за дипломиран правник со искуство“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А новата систематизација беше подготвувана скришно и далеку од очите на вработените, па на Зефиќ, како вработен правник, не и беше дозволено да има увид, откако побара да ја види оваа фамозна систематизација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)