нов (прид.) - светец (имн.)

Некои се побуниле; повеќето од половината нови светци биле во животот повисоки од тој Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ма каков Свети Никола, Илија, Павле. Ќе создадиме ние нови светци и нови празници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше јасно дека новите победници наложуваа нова религија, нови светци, нов Бог со нови облици на жртвување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Највисок и со најмудро чело бил Онисифор Мечкојад и со такви очи пред кои можел да клекне и најсомничав ангел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)