нов (прид.) - руба (имн.)

Ако дошло време, пустата ѕвезда да ми се смени, тогаш нека биде подоцна, на пролет, лете, во убаво време, му велеше, зашто цел живот само за тој суден ден се мачела; коски ѝ скапувале да му помогне на мажот ѝ да прикупат уште нешто од ридот, но да има и нова руба за тој миг, за тој ред; да не велат луѓето: ѓупка, питачка, туку кога ќе ја носат низ селото во отскриен ковчег, да ѝ заблазнуваат во алиштата и накитот, да велат: гледај, гледај синот ѝ ги ставил и златните обетки и златниот прстен што си ги чувала за овој ден...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лествичникот во нова руба, ние во партали, како питачи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги викнал моите, во ирамче ме однеле дома, ме оплакале, ме преслекле во нова руба и отишле по попот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)