Колку и да навикнуваше на новиот ред на живеење, колку и да се помируваше со реалноста на еден друг начин на живот, колку и да беше Мајка внимателна, тој не можеше да ја прикрие тивката меланхолија што го обземаше кога ќе останеше долго време загледан во течењето на реката, свесен дека никогаш повеќе нема да ја има илузијата дека ќе замине, некаде далеку, кон Цариград, или кон Америка...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Уметниците на високата ренесанса во хаотичното време на застрашувачки новото гледање од онаа страна на религиските вредности бараа нов ред заснован на хармонизирачкиот логос.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На светот му бил нужен нов ред, некој морал да ја обогати иднината со нови убавини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во плевната биле четири жени, сите како од еден јагленен калап извлечени во шума на ќумурџии- волшебници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Евдоксија воведе нов ред. Будење во шест, седум десет минути гимнастика (помалите не правеа гимнастика), потоа миење, облекување (алиштата ни беа се попарталави) и потоа појадок.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Сите пилишта личат на пилишта, вели Јон, сите пилишта се пилишта, вели иако различно се викаат, вели и ја крева мотиката, тргнува нов ред да забере. Јас одам по него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)