Еве овие донесоа нов пропис, прво го обележаа, сега и ќе го одземаат еврејскиот имот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа следеа нови прописи, педантно го класира во главата законодавството од својот домен Константин З., делегатот на Комесаријатот за еврејски прашања останат, распетлан во елекот и со пијалокот што снисходливо му го наточи помошникот и чашката што ја вртеше пред себе среде уморно издолжените сенки во својата конечно стивната скопска канцеларија. Константин З. не ги сака Евреите, но не е ни за „конечното решение” кое го смета за претерано и во секој случај - бесполезно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)