нов (прид.) - проект (имн.)

Имам нов проект Аусбергенсфелд, што е името на местото кадешто се случила измислена битка, а се споменува и во филмот Уговорот на Цртачот и директно се занимава со анатомија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да живее Лејди Гага беше новиот проект на Отворениот шупак.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не се работи за зачувување на човечкиот вид преку репродукција, туку за тоа да го степенуваме индивидуумот преку нов проект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Или Клинт Иствуд, на пример: уште не завршила дистрибуцијата на неговиот претходен филм, а веќе му ја рекламираат премиерата на вториот наслов за оваа сезона - плус што тој во меѓувреме најавува снимање на нов проект.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За време на зимата, со помалку излегувања надвор и ангажмани околу новиот проект на градителски работи, ќе се заврши најпосле повеста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А за да можам тоа да го направам, морав да научам нешто за тоа зло за кое сите зборуваат и од кое сите се плашат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив да го започнам мојот нов проект: борба против дрогата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Комуникацијата со успиеното тело е остварена со радикалната метода на соочување на човекот и техниката. 26 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од неодамна тој има нов проект, поддржан од некои големи американски универзитетски лаборатории.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лири и неговиот колега, психологот Ричард Алперт, веднаш најавуваат нов проект: „International Foundation for International Freedom” (IFIF).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Попрво, самата машка геј-култура е облик на сфаќање, начин на кој се гледа на мажите, на жените и на светот. 18 ИРОНИЈАТА И МИЗОГИНИЈАТА Машкиот геј-субјективитет, можеби, е општествено изграден, но општествените конструкции не се неповратни судбини: тие не се неизбежни предодредености.394 Можеби не може да се менуваат кога ќе посакаш, во секој миг да подлежат на преизградба од темелот нагоре според некој сосема нов проект, но, сепак, оставаат колку-толку простор за импровизација, за отпор и за преозначување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствениот начин да се анализира машката геј-култура е да се користи тој својствено машки геј-облик на читање кога се читаат стиловите што ги кали машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не значи дека само геј-мажите можат да ја сфатат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не е возможно да се однаправи општествената позиционираност, но можно е да се поседува, да се искористи, да се преориентира, да се стави во перверзни преупотреби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ова можам да гледам само позитивно, како на добра лекција за во иднина. M Драга Нора, слушнав за еден твој нов проект што е поврзан со децата-бегалци од БиХ.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За што станува збор и какво е твоето учество во тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Воопшто, секогаш кога би почнувал некој нов проект, би пуштил тоа да трае со недели, прашувајќи секого на кого би наишол што мисли дека би требало да правам. И сѐ уште е така.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И според Татко, не беше случајно што на челото на новиот проект на иднината стапуваше еден нов диктатор - еден нов јаничар, каков што беше Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)