нов (прид.) - пријател (имн.)

Тој добро знаеше дека откривањето на сиџилите ќе му донесе нови пријатели, но и многу непријатели.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко само толку знаеше за својот нов пријател, чие пријателство и доверба кон него му го зајакнуваа книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По сугестија на докторите, посебно по убедувањето на неговиот нов пријател, Томо престана со пушењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поготово тоа не можеше да се однесува на неговиот нов пријател Раде со кој пајташки беа поврзани со чашката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Запознавањето со новите пријатели течеше по вообичаената, веќе позната шема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виктор се стресе, зад себе не ја гледаше својата нова пријателка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште еден час, рече, и ќе дојдат други двајца со слични кокошкини идеали, моите нови пријатели, Јанкуло и Мануш, другарите Каин и Авел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бегај секогаш среќен на некоја планета.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пупи Паф. Врати се со твоите нови пријатели во Шумшул- град и потоа, откако ќе ја прославите победата, Побрзај кон Пупифанија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Новите пријатели се кокичиња и качунки, што ја превземаат функцијата и на пријатели и на роднини.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22) ‌Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се враќав на Балканот посиромашен за неколку најубави години од животот, далеку од семејството во егзил, кое ми беше мала, незаменлива татковина, но побогат со ново искуство во животот, со нови пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Орхан Памук беше мојот нов пријател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јано, да му откријам на твојот нов пријател кој ни го подари тигаров?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Проблемот е во тоа - продолжи таа малку подоцна - проблемот е во тоа дека на нашиов нов пријател јас не му се допаѓам! - рече таа туркајќи се посилно во прегратката на Зрновски. – Повели, прашај го!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не гледав во библиотеката туку во мојот нов пријател и во несреќниот тигар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еразмо занеме. Не знаеше што да одговори, збунет пред реакцијата на новите пријатели, сепак остана мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Заклучивме дека им е тешко на пријателте: оние, вистинските, сè помалку ги има, сè повеќе раздаваат од пријателствата на дузини нови пријатели, соочувајќи се со опасноста еден ден и без да сетат да си ги потрошат сите резерви пријателства.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Татко сакаше на својот нов пријател да му ги соопшти резултатите од потрагите во потсвеста, зајакнати од силната интуиција: посебно за паралелите што ги откриваше помеѓу движењата на империите на Балканот и циклусите на миграциите на птиците и рибите, и посебно на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го слушаше во ноќта на заминувањето на јагулите својот нов пријател од руските далнини како се вдлабува во описот на преобразбата на јагулите, не престанувајќи да мисли на сличната судбина на луѓето во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Си го замислуваше, најпрвин, семејството по патот на јагулите, макар што само тој можеше да си најде оправдување на ваквата споредба, која се двоумеше дали да ја сподели со новиот пријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој му се восхитуваше на новиот пријател, белиот откорнатик Игор Лозински, за храброста да го продолжи животот кога судбината го стори голем губитник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)