Нови предизвици, модерна голгота антихристот вешто се маскира жигосува јунаци и животи голта а злосторниците судбини кројат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И сега се наоѓаше пред еден нов предизвик поттикнат од судбината на својот мајчин јазик, но во едно друго време и во други услови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така продолжуваше балканското пријателство на Татко и Климент Камилски, зајакнувано од нивните обединети балканвавилонски библиотеки во пресрет на новите предизвици на балканската историја...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, свесна сум дека животот отвора нови страници, нови предизвици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Камбанаријата го означи почетокот на новиот ден, а со тоа и на новите предизвици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Само поповите не се реинкарнираа. Нивната потпапочна, мистична набрекнатост се пренесува од поколение на поколение.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не можеа да се споредат овие две работи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Своето враќање Британија го гледала единствено преку инволвирање во движењата на отпорот и во народноослободителните движења, кои од средината на 1941 година ќе ја започнат борбата против силите на Оската на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таква ситуација британскиот политички врв бил ставен пред нов предизвик, како да го врати британското влијание на Балканот, имајќи предвид дека Балканот се сметал за британска интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Имаше повеќе мотиви да го продолжам раскажувањето, но јас останував обземен од новите предизвици на балканската сага, во потрага по нови многузначни глобални метафори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Стоев така замислен на брегот, размислувајќи за новите предизвици на денот, со мисла нишана од сините бранови, го заушив познатиот глас на градинарот Раиз: - Знаев дека ќе ве сретнам на брегот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И еве ме сега кон крајот на декември прд нов предизвик, откако на 15 ноември 1988 година во Алжир симболично од Палестинскиот национален совет, со прогласот кој го напиша поетот Махмуд Дарвиш, е прогласена Независната палестинска држава, чиј претседател станува Јасер Арафат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во декември 1987 година започнува Првата Интифада.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа масовна транснационалната миграција, без оглед дали е „доброволна“ (на пример, за трудовите мигранти) или „ненамерна“ (пр. бегалци), создава нови предизвици за националните држави и ја намалува важноста на националните граници.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Бегалците, мигрантите, работниците, криминалците, војниците, трговците и номадите се приморани или избираат да преминуваат широк спектар на геополитички и метафорички граници, проблематизирајќи го односот/ врската/кореспонденцијата меѓу територијата, нацијата, државата и идентитетот, хомологијата меѓу културата, идентитетот, територијата и нацијата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Но тие, сепак, ги очекуваа новите предизвици на егзилот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зад таа невидлива линија на која брановите, одвреме навреме, ѝ го менуваа местото, се криеше новиот предизвик на судбината на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)