Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа успешно се вкоренуваше во новата почва, макар никогаш дооткорнато од родната земја. Тој беше свесен дека не постои враќање од егзил... ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, еве, козата како да требаше да помогне, по толку страдања во привикнувањето на новата почва, на новиот брег на животот, да го дополни она што беше изгубено, она што му недостигаше на нашето детство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А би требало да се радувам на седумте дедови тополи - што се вкоренуваат во новата почва!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)