Заедно јуришавме, бегавме, се криевме, па фаќавме нови позиции, заедно јадевме со иста лажица од една порција, се покривавме со исто ќебе. Да, многу работи ни беа заеднички.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Си спомнувам, шеесеттиот ден вечерта падна наредба да се повлечеме на нови позиции. Беа последните. Зад нас веќе беше Албанија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сепак, некаде на половина од сеансата, Џон опишува нов “притисок” којшто почнал да се зголемува откако добил нова позиција што му овозможила тесно да соработува со неговиот шеф, кому му се восхитува.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И фаќаме нови позиции.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Противникот ги премести артилериските батерии на нови позиции, поблизу до Преспа и отвори оган по патеките по кои врват отстапниците и бегаат во Албанија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа нова позиција на човекот во светот му го покажува неговото мрачно потекло и истовремено ја разбива илузијата за неговата положба во средиштето на светот“, пишува Ефтимиос Варламис (Eftimios Varlamis) во својот есеј за Хундертвасер.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)