Тоа би требало да се стори за да им служи за пример на другите, но и за да се спречат новите опасности што виселе над градот, бидејќи, според некои кажувања, атентаторите, од разни причини, побрзале и не можеле наполно да го исполнат својот “сатански“ план173.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
-Добро понатаму ќе внимавам да бидам претпазлив, нема да го разлутам сомнежот! – се предаде Еразмо, затоа што веќе ја насети опасноста од разбеснетиот јастреб, а нова опасност не сакаше.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)