Се додаде и нова одредба според која средствата потребни за исплаќање на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во висина од две просечни нето плати ги покрива државата, а, доколку разликата од нето платата го надмине овој износ, средствата за придонеси ги плаќа работодавецот (чл. 8, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените од 2000 година, донесена е и нова одредба кај членот 131 од ЗС од 1997 година според која на вработените им престанува работниот однос кога не се спроведува план за реорганизација согласно со став 1 166 од овој член од денот кога доверителите на извештајното рочиште ќе се изјаснат дека нема да предложат план за реорганизација (чл. 32).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ЗРО (2005) беа воведени и некои сосем нови одредби, особено во делот на „Видовите работен однос“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од гледна точка на работникот, пак, новите одредби ја намалија достапноста и транспарентноста на новите работни места на пазарот на труд, особено за лицата кои немаат „врски“ или свои роднини помеѓу работодавците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Важна нова одредба е и таа според која додека траат опасностите, работодавачот не смее да ги задолжува вработените да извршуваат работни обврски. (чл. 25 и 26, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Доколку не е откриен ризик, работодавачот на своите вработени мора да им ги соопшти сите потенцијални ризици, со посебен акцент на ризиците по здравјето и безбедноста кај бремените работнички (чл. 15 од ЗИДЗРО/септ.10); г) со измените од јануари 2012 година, веќе не постоеше обврската на работодавачот при престанок на работниот однос, во рок од три дена, да му ги врати сите документи на работникот (вклучително и заверените копии), туку сега обврската се однесува само на неговите оригинали на документи (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.12); д) кај правната материја која ја регулира промената на работодавачот со измените и дополнувањата од септември 2010 се воведоа пет нови одредби (68-а, 68-б, 68-в, 68-г и 68-д) кои поблиску ја утврдија заштитата на правата на работниците во случај на пренесување на трговско друштво или делови на трговско друштво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)