Татко се залагаше за типологија на турцизмите според области, појави, додека Камилски остануваше на тоа да ја утврдат однапред листата од сто збора и да работат, без оглед на секојдневните изненадувања што ги носеше секој збор и ги водеше кон други зборови и нови области.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, сепак, останаа на претходниот договор, наместо по еден збор, на секоја средба да се третираат по пет, па со време ќе видат како ќе постапат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Поради тоа, Translation Studies е дисциплина која истражувајќи во новата област ги премостува големите јазови помеѓу огромните подрачја на стилистиката, литературната историја, лингвистиката, семиотиката и естетиката.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)