нов (прид.) - напад (имн.)

Командантот најавyва воен суд и лично извршување на казната доколку до планираното време баталјоните нема да се средат и не тргнат во нов напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш ќе дојде време да се потпише пакт за пријателство со преостанатата светска сила, како подготовка за нов напад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеме да завршиме со враќање на прашањето за тоа што ги мотивира новите напади врз компјутерската метафора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Не ја слушав – губам нерви. – И што ти е тоа „Сто и една приказна”? – првпат слушам за такво нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тамам да смислам нов напад, таа сосема ме разоружува: - Ја слушаше вечерва „Сто и едната приказна”, кажи каква беше, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некако стана и го избегна новиот напад. Така успеа отстрана да го начека противникот и да го фати со забите за врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја храбреше Белка да го издржи новиот напад на волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Александар: Ах, во случај на пораз јас би му дал нова шанса, тој Дариј ќе сака поново да се окрили, за нов напад!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)