Виде: некои куќи ги нема, некои се изградиле или поправиле; виде нови огради на дворовите, нов мост на реката; гумењата сред село си останале онакви какви што ги паметува пред да го напушти селово, каде што се вршеше жито, каде на празници се играше оро; душата му затрепери, се возбуди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ја колнат реката, но пак од неа не се делат, не бегаат: ги поправаат одново оградите од дворовите, ги подѕидуваат излоканите плитари, ги зацврстуваат, го подѕидуваат коритото, прават нови мостиња и одново започнуваат борба со неа кога ќе надојде.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)