нов (прид.) - мисла (имн.)

Ја обзеде нова мисла: Сигурно наумил ново бегство од Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во него сигурно изгреваше нова мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нови мисли и впечатоци навлегуваат во него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една ноќ сосема обична, скоро совршена можеби искрено ќе заплачам и ќе се помолам, можеби ќе се извинам и ќе простам или можеби едноставно некого ќе засакам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некаков чуден хаос од нови мисли и чувствувања го вознемирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа поаѓа нова мисла: „Небото на Сукот1“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но еден ден сосема обичен, скоро совршен ќе се разбудам со нов сон, со нова мисла и ќе дозволам засекогаш да исчезне сенката на мојот најголем страв.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)