нов (прид.) - материјал (имн.)

Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите" на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ОСТОИЌ: Дојдов да те видам. Донесов нови материјали.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во тие центри мора да се овозможи користење на нови материјали, осцилатори, грамофони, генератори, средства за појачување на микрозвуците, филмски фонографи, итн.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нов материјал за озборување со нејзините пријатели.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- И? - Па изгледа дека сака да снима нов албум, па бара некој да ѝ напише нови материјали...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Вработените во Нешнал ривју можеби се постојано во потрага по нов материјал, но сигурно не се толку очајни, па да имаат обичај да ја прегледуваат страницата на Универзитетот на Мичиген, ревносно исчекувајќи го точниот миг кога на полугодието Службата за студентски прашања ќе ги објави предметите што ќе се изучуваат наредниот семестар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)