нов (прид.) - лице (имн.)

За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се прилагоди на новите лица и на новиот начин на живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таму го видов своето ново лице.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нејзиниот воз не застануваше на ниту една станица, иако пероните беа преполни со нови лица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Момчињата одеа некаде – сите различни, а сепак во тоа минување што го гледав, држејќи се за мајчината рака, тие ми заличеа на река од лица кои се претопуваат во други, нови лица – некои од нив ги правеа можеби своите судбински чекори, и сето тоа изгледаше толку неминовно, таа колона што заминува без повраток, неизбежно.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)