Повторно можеше да го одмине, предизвикан од нов круг мисли и сомневања кои не престануваа да се ослободуваат, дури и од неговата потсвест.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во текот на дејствието, особата - корисник на бројаниците одвојува едно по едно зрно (на пример: едно зрно одговара на една молитва или на една реченица од молитвата, то-ест едно зрно претставува еден временски момент) додека не дојде до последното, кога дејствието започнува со повторувањето - веќе во новиот круг или подобро речено, вител на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А тој кружи. Виси над ридовите и шумите и нови кругови врти, гледа од високото, јавува и снима.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ревизионизмот или не, другар А.А. – продолжив храбро, но свесен дека влегувам во нов круг на непредвидливо измачување, мобилизирање на Х.Х. и Централата – бавно, пребавно стигнуваат главните, подвижните идеи на Балканот од европски духовни центри.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А јас по нови кругови жед и глад, не можев а да не издржам без да речам: - А најмногу сте опколени од самите себе!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не очекувајте почитувана Лејбовиц, да одговарам на секоја ваша опсервација и реакција на настаните во Македонија врз основа на медиумските информации.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кутрите државички на Балканот, оградени со националните граници и митови, за разлика од државите на обединета Европа, лишени од логичната револуција на лаицизацијата, губејќи ја идеологијата како моќна поддршка, брзо ја инструментализираа религијата за политички и владејачки цели, предизвикувајќи нови кругови на жртвување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Секое оддалечување од ,трибалниот код сигурно се рлаќа со нови кругови на пеколот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Готови се да ме осудат на најстрогата казна, повеќе никогаш да не пишувам, затоа што со своите постојни и измислени ,балканизми невозможни амалгами, свесно сум ги мешал балканските јазици, особено мајчиниот и другиот јазик на кој пишувам загрозувајќи ја нивната чистота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бездруго, беше свесен дека ние стапувавме во новиот круг на јаничарството, ја менувавме земјата, н очекуваше ново владеење, прилагодување на нашите животи во новите времиња, далеку од семејното огниште, каде што остана Баба со отворената врата, затворена од границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Влегувајќи во секој нов круг бев убеден дека ќе стокмам повеќе од Љупчо, но или „горев“ или тој победуваше.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се знае - петка - и вкупно - триесет и едно. Сè е мое!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не се сеќавам колку „кругови свртевме“. Пред очи ми се кошмареше, небаре сум качен на рингишпил.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Со таквите, како вујко ми и како девојкана никогаш не си начисто! - рече откако направи нов круг околу нас.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
11. Слушавме како надоаѓа и топол ветер, а се гледаше и времето како започнува еден нов круг лутајќи меѓу пештери и тишина во која разлистува сѐ.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)