нов (прид.) - крв (имн.)

Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги вареа со по малку брашненце и фаќаа нова крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чекорите му биле нерамномерни додека чудно одмавнувал со нозете во лесни опинци повремено обидувајќи се со слаби скокови да биде што подалеку од тој пекол на бучава, ѕвечење на јатагани и ножови и секакви пцуења или офкања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)