Откако го испи со Мајка утринскиот чај на чардакот, Татко го облече единствениот костум што го имаше, стави излитена вратоврска и ја зеде црната паларија, со новата кордела, која јасно контрастираше со капата, ја зеде старата чанта, донесена од Цариград и носена низ неколку режими, излезе од дома упатувајќи се кон куќата на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот, ги стави сиџилите в чанта, ја зеде паларијата со новата кордела, светната среде излитениот штоф.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)