Заминуваа луѓето кон просторите без историја, за да откорнат живот од ништожноста, за да го префрлат животот што им преостануваше на новите колена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од сета душа и од длабочините на срцето излегуваше таа нејзина и љубов и дарба во која беше внесено сѐ што со себе со векови носеа старите и го пренесуваа на новите колена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)