нов (прид.) - книга (имн.)

Подоцна Чанга, преку своите врски на Балканот и другаде му носеше на татко ми нови книги за козите, па заеднички ги читаа и ги коментираа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Утврдувајќи им го распоредот на новите книги, преместувајќи ги ислужените книги на некоја резервна позиција, тој наоѓаше вистински зборови на благодарност, на утеха.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред неа стоеше Татковиот пријател Климент Камилски, со нови книги за преведување...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Господин Гроздановски ретко читаше нови книги.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Имам нови книги. Си ги читал ли браќата Грим?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Џон Серл Повторното откривање на умот преземено од чешкото списание “FROM A LOGICAL POINT OF VIEW” Новата книга на Џон Серл, чиј наслов очигледно упатува на класичното дело на Бруно Шнел, „Откривање на умот“ несомнено мора да се смета како камен темелник во философските дискусии за природата на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Па, по мојата лекција на животот и исчитани редови и редови разни мудрости, го вртам првиот лист и ја почнувам оваа нова книга... ама, ја читам по свое. И брзо ја сфаќам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Времето на Колишевски, дознав дека другарот Лазо, штом излезе нова книга за уметност и култура веднаш ја купувал!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во неговата нова книга, „Вештачката интелигенција и човечкото размислување”, Joseph Rychlack повторува многу од аргументите на претходните критичари, и на нив додава неколку сопствени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зборот „киберпанк” воопшто не се појавува во Neuromancer, но го употребуваат критичарите за да ја окарактеризираат новата книга на Гибсон и новиот жанр кој одеднаш преплавува сѐ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Забележа дека овде беше истиот мебел кога ја посети книжарницата за последен пат во 1936 година, но на истите рафтови само сега разбирливо продефилирале низ рацете на многу генерации други, нови, нови стари и сосема нови книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски со милина во душата се потсети како некогаш рака за рака со љубената чекореа крај кутиите на букинистите и бараа нови книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа го поттикнуваше уште повеќе да ја проширува библиотеката со нови книги...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски пребаруваа нови книги и нови докази како да се најдат излезни линии од балканскиот лавиринт на историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој сега од волшебното куферче извади нова книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тој период Татко се враќа на Балканот и тоа време ќе биде означено со повеќе нови книги во неговата подвижна балканска библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски подоцна ќе доаѓа во Татковата библиотека со крајна цел да открие нови книги, но и да се одмори од својата грамадна библиотека, која од ден на ден се зголемуваше и го смалуваше времето на неговото присуство во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, не може да поверува дека новите книги биле посилни од неговата операција на животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски не му зборуваше на Татко толку за операцијата на очите, колку за можноста да купи во Париз нови книги, особено кај незаобиколните букинисти на двата брега на реката Сена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дозеде некои нови книги, поттикнат од Татковата размисла за источното интелектуално јаничарство, да трага по западноевропските примери, како што своевремено ги споредуваше језуитите со јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Татко ќе ѝ откриеше место на новата книга во библиотеката и кога ќе ја прочиташе на начин којшто веруваше дека е единствениот, во нашата куќа настапуваше тивко, празнично настроение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отворањето на нова книга, велеше Татко, значи отворање на врата на непозната куќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зеде од библиотеката нова книга. Седна на големата фотелја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги положи своите нови книги, нацрти, записи, непознати за Татко, а и за Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во една од новите книги, Chaos Engineering, тој го искажува верувањето дека изворната и основна состојба на космосот е хаосот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Размислував, по враќањето, поттикнат од вашето писмо, да одговорам со нова книга или со продолжение на Времето на козите: што се случи со моите кози?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја разбрав неговата порака, се преруштив во потрага по неговата француска врска, веројатно таа ќе заврши во нова книга од мојата балканска сага, ќе биде тоа еден вид метаморфоза на француските книги од неговата библиотека во нова книга, во продолжена книга, во жива книга...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас всушност, си зедов за слобода да ви пишувам за новата книга од балканската сага Тврдина од пепел, врз која работам последниве години и која се надевам еден ден ќе ја прочитате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знам дека можеби предолго ви пишувам за мојот пријател, за докажаниот пријател на Балканот, човекот и амбасадорот Крисман, но би можел уште многу да ви пишувам, до создавањето на една нова книга на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако ви го раскажам долготрајното пријателство со Патрик Крисман, тоа можеби ќе значи да започнам да пишувам нова книга во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И уште нешто, како мала тајна, би сакал еден ден во нова книга да го раскажам татковиот Мајчин јазик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби одговорот ќе биде во новата книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тоа може да се раскаже во нова книга, за новите жртвувања на Балканот, но и за лудите крави во Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Добар збор. Добар наслов за...мојата нова книга. DD ПТ: Што би кажале за вашиот процес на трансформација од комерцијален уметник во вистински. DD ЕВ: Јас сѐ уште сум комерцијален уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мојата нова книга, исто така, е аргумент за музиката во однос на зборовите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко најпосле се врати во родниот град крај Езерото со два големи куфери преполни со стари и нови книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Отец Лаврентиј трча со солзи во очите и се смее, скока од радост, ја тегне камбаната и ѕвони пред утрински дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чувствува весело, но како да му е отстранет еден дел од сеќавањето: ги гледа редум новите книги, ги пребројува, но сепак, речиси е убеден дека нешто му недостига...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во светската анкета на весникот Кориере дела сера Борхес како кандидат за Нобеловата награда добива повеќе гласови од Солженицин, кој таа година ја добива наградата на шведската академија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 226
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1970. Книга раскази: Извештајот на Броди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помислува на здивот на отец Лаврентиј што ги врати сочиненијата и веќе не мисли на скакулците што надоаѓаат од кај Галичица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тие посочени, потесен избор од десетина раскази кои годинава излегуваат во Маргина направи господинот Пандалф Вулкански.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се разведува. Во Бразил прима значајна награда за литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И словата на блажен отец Лаврентиј се тука; ги исполнуваат празните страници на новите книги онака како што си биле сочинети, како ништо да не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се појавува нова книга на поезија/проза, Пофалба на мракот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)