А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Lanier, најентузијастичкиот заговорник на новиот клуч, што ќе ја отвори вратата на човековата фантазија, е веројатно првиот човек којшто на насловната страна на The Wall Street Journal, сериозно деловно списание, се појавил со реге фризура (dreadlocks).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Татко замолче. Во очите му се враќаше стариот сјај, како во оние мигови кога ќе го откриеше новиот клуч за некој од сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)