Книжевните критичари, како Лесли Фидлер и Сузан Сонтаг, на новата книжевност ѝ ги признаа новите квалитети и ја бранеа од разните вреднувања според класичните мерила на Модерната.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Неговиот настап (во нешто помалку од еден час долгиот перформанс) ја демонстрира философијата на комплексните врски помеѓу човековото тело и постиндустриските машини; тој телото го разбира како предмет на обликување (design) и техничко дополнување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Машинските додатоци затоа му носат нов квалитет во смисла на способност на раширена перцепција.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Така настануваат нови квалитети, а по нив и придавките.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Според романтичарите, концептот за детската невиност обезбедува четири нови квалитети: прво, многу подиректен пристап во уметничката инспирација; второ, способност да се видат работите пообјективно - какви што навистина се.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како што Џон Раскин напиша 1850. година, „без свеста што тие означуваат... како слепец што би ги видел кога одеднаш би го обдариле со поглед”; трето, способност да се види зад појавното, да се допре до „суштината” на работите; четврто и последно, им дава на ретките, достапен поглед во мистеријата наречена живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од друга страна пак, тишината сепак не е празна: освен траењето, кое е нејзина главна музичка карактеристика, таа донесува и еден нов квалитет во музичкото искуство, цела сфера од амбиентални звуци.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Бидејќи, за систематично да се поткрепува културата на контрадикции, за едно отворено свртување кон феноменот на масовната култура, за константно да се испитува привилегираната позиција на интелектуалецот, и за да се поддржат демократските промени, мора да се биде изрод, бастард.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Два начини на мислење, две искуства, два ракописа, не даваат математички збир, туку нов квалитет - тоа е она што Вилиам Бароуз го нарекува “third mind”. Bastard не е псевдоним, бастард е нужен производ на состојбата во која сме затечени, и неопходна последица од насоката кон која настаните се движеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)